ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ СО АВТОПАТ СО БИТОЛА, СО ЕКСПРЕСЕН ПАТ СО СКОПЈЕ Инфраструктурата ни е клучна, порача Проданоски

Ова ќе бидат избори коишто ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори коишто ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани, рече кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

197

Приоритет ни е инфраструктурата во Прилеп, имаме програма која ќе им овозможи подобар живот на прилепчани, порача денеска кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

– Ми претставува особена чест и задоволство денеска да ја започнеме кампањата од ова култно место во Прилеп, од плоштадот Методија Андонов Ченто, којшто е лик којшто претставува почеток на оваа држава. Така симболично од овде почнуваме со секоја кампања од ова место, како што реков, култно во градов. Ова нема да бидат избори само за битка кој би победил. Ова ќе бидат избори коишто ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори коишто ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани – рече Проданоски.






Овие се избори, додаде тој, коишто ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека имаме одличен тим, сигурност дека имаме уште подобра програма, и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на Република Македонија, предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

– Особено ми е чест, што денеска на овој почеток на кампањата го имаме за наш гостин вицепремиерот и министер за транспорт, којшто не е случајно тука. Инфраструктурата е еден од нашите основни приоритети коишто ги имаме во Прилеп. Клучно е она што ќе го прави Владата. Автопатот кон Битола, завршување на експресниот пат кон Скопје, но тоа е само ден чекор. Ние ветуваме програма со којашто прилепчани ќе добијат подобар живот – рече тој.

Стојам овде пред вас и давам збор дека ќе имате градоначалник којшто е достоинствен, чесен, којшто работи и слуша за секој еден граѓанин, порача Проданоски и побара поддршка од прилепчани.

Поврзани содржини