ЌЕ НИКНЕ СПОРТСКИ КОМПЛЕКС НА ПОЛЈАНА ВО КУЧКОВО, ЌЕ СЕ ПРОБИЕ УЛИЦАТА ШАРПЛАНИНСКА ВО ДАМЕ ГРУЕВ Стојкоски има план за напредок на општината Ѓорче Петров

Ќе изградиме пет доградби на основните училишта, односно во ООУ „Јоаким Крчоски“, во централното „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во подрачното „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во ООУ „Мирче Ацев“, во ООУ „Страшо Пинџур“, а ќе изградиме и ново основно училиште за населбата Александрија, истакна Александар Стојкоски.

949

Ние добро се познаваме, јас сум вашиот човек, вашиот градоначалник. Заедно поминавме и добро и лошо, и продолжуваме по патот кон успехот, по патот кон развојот на Општината Ѓорче Петров, наведува кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Алескандара Стојкоски, во изјавата за медиуми.

– Успеавме во изминатите четири години Општината Ѓорче Петров да ја извадиме од кал и да ја направиме институција вредна за почит, а сега продолжуваме да ја видиме општината Ѓорче Петров на врвот. Во наредниот период ќе го посетиме секој дом, ќе ја претставиме нашата програма, ќе ги поставиме нашите визии, нашата желба да продолжиме да го трасираме патот на успешно и на развиено Ѓорче Петров. На овие избори ќе понудиме програма, заедно со мојот тим од советници во 140 проекти. 140 проекти кои што ќе значат раст и развој на општината во секој сегмент. Ќе се задржиме со фокусот на младите, на дечињата, на младите семејства, на младите брачни парови. Ќе изградиме пет нови детски градинки во Ѓорче Петров, од кои едната во Стопански Двор, другата во Дексион, на булеварот Македонска војска во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, а првпат детска градинка ќе добијат и жителите на населбата Александрија. Ќе продолжиме да ги подобруваме условите за престој на учениците во основните училишта на цела територија, со цел да воведеме едносменска настава во сите наши основни училишта – рече Стојкоски.






Ќе изградиме пет доградби на основните училишта, односно во ООУ „Јоаким Крчоски“, во централното „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во подрачното „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во ООУ „Мирче Ацев“, во ООУ „Страшо Пинџур“, а ќе изградиме и ново основно училиште за населбата Александрија, додаде Стојкоски.

– Покрај младите, во фокусот ни остануваат и возрасните. Тие се луѓето кои што со своето искуство и со својот животен пат придонеле многу за нашата општина и за Република Македонија. За нив ќе го изградиме првиот нов пензионерски дом во Ѓорче Петров, а пак, за решавање на проблемот во сообраќајот, покрај тоа што ќе пробиеме повеќе улици, Алексо Демниевски, Веле Марков, улицата Шарпланинска, ќе ја изградиме и првата катна гаража во Ѓорче Петров. Продолжуваме да бидеме посветени на изградбата на современа и модерна спортска инфраструктура, како што тоа го правевме и досега, и покрај осумте новоизградени спортски терени, продолжуваме со изградба на три нови спортски комплекси од кои едниот во Стопански Двор, вториот на полјана во Кучково, и третиот во дворот на ООУ „Тихомир Милошевски“. Поминавме заедно, продолжуваме заедно. Знаете дека јас сум човекот на кој што можете да му верувате.  Јас сум вашиот човек. Сигурен сум дека на 19 октомври ќе го направите вистинскиот избор – порача Стојкоски.

Поврзани содржини