ПОСЛЕДНАТА РЕВИЈА НА АРМАНИ ГИ СОБРА ПОЗНАТИТЕ Настан посветен на 50-годишнината од модната куќа на човекот кој го обележа светот на модата

На последната ревија на Армани на Неделата на модата во Милано, присуствуваа бројни светски ѕвезди, меѓу кои Ана Винтур, Кејт Бланшет и Ричард Гир.

366

Последната ревија на Џорџо Армани, легендарниот дизајнер кој почина на 4 септември на 91-годишна возраст, се одржа на Неделата на модата во Милано. Настанот беше посветен на 50-годишнината од модната куќа Армани, но и на човекот кој го обележа светот на модата со својата работа и визија.

Во дворот на музејот Пинакотека ди Брера, осветлен од стотици свеќи, ѕвезди и јавни личности дојдоа да му оддадат почит на Џорџо Армани и неговата работа. Атмосферата била тивка, дискретна и навистина емотивна, но и исполнета со воздржана елеганција – токму онаква каква што Армани носеше во текот на целиот свој живот и кариера.






На ревијата присуствувале бројни светски ѕвезди, меѓу кои и Ана Винтур, која за таа пригода избрала целосно бела облека и станала и аплаудирала на крајот од ревијата. Вакви гестови како овој на крајот од модната ревија на Винтур буквално може да се избројат на прстите од едната рака. Присутни биле и Кејт Бланшет, Ејса Гонзалез, Натали Емануел, Глен Клоуз, Ричард Гир со сопругата Алехандра Силва, Семјуел Л. Џексон, Џејмс Нортон, Џеси Вилијамс и синот на Мадона, Роко Ричи.

Долгогодишниот соработник Лео Дел’Орко и внуката на Армани, Силвана Армани, ја поздравиле публиката на крајот од вечерта, додека моделите на пистата ги носеле најновите модели потпишани од самиот Армани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgio Armani (@giorgioarmani)

Наследство кое трае

По повеќе од половина век творештво, Армани остави неизбришлив белег. Тој беше синоним за „тивко богатство“, воведе нова естетика на деловната елеганција, ги облече најголемите светски ѕвезди и го редефинираше црвениот тепих. Неговите креации се впишани и во историјата на филмот, од Ричард Гир во „Американски жиголо“, до Роберт Де Ниро во „Добри момци“, до Леонардо Дикаприо во „Волкот од Волстрит“.

Неговото име се прошири многу подалеку од модата: Emporio Armani, Armani Exchange, Armani Privé, Armani Casa, Armani Hotels & Resorts, Armani Beauty, сите кои станаа симболи на стил и луксуз.

Италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули, го нарече „амбасадор на италијанскиот идентитет во светот“.

Тивко збогување

Иако рече дека ќе „се пензионира за две или три години“, Армани работеше до последните денови. Ова лето, тој дури и режираше ревија на висока мода во Париз од далечина, поточно, од Милано, бидејќи неговото здравје не му дозволувало да патува.

„Ил Сињор Армани, како што со почит го нарекуваа неговите вработени и соработници, беше неуморен до самиот крај – тој живееше и дишеше за мода“, соопшти модната куќа.

Поврзани содржини