БУТЕЛ И РАДИШАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ БАЗЕНИ Костовски вели дека учениците ќе имаат предност за пливање

185

Жителите на Радишани ќе добијат нов модерен затворен базен, во вредност од 80 милиони денари, најави кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски во видео порака.

– Тоа што особено ме радува е дека предност за користење на овој базен ќе имаат учениците од ОУ „Ацо Шопов“, но генерално сите ученици. Исто така и граѓаните во подоцнежните часови – рече Костовски.






Тој денеска најави уште еден нов затворен базен во Бутел 1, во дворот на училиштето „Св. Климент Охридски“.

– Општина Бутел се менува. Сигурен сум дека и овој пат ќе направиме вистински избор за модерна општина Бутел, за развој и за квалитетна иднина на нашите деца – додаде Костовски.

Поврзани содржини