НАСИЛНО МУ ГО ЗЕЛ ЛАНЕЦОТ ОД ВРАТ Романец ограбил скопјанец во Ѓорче Петров

Романски државјанин со сила одзел златен ланец и пари во Ѓорче Петров, судот ќе одлучува за притвор.

1,045

41-годишишен Романец е осомничен дека на 21 март годинава извршил кривично дело „Тешка кражба“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Според обвинителството, осомничениот насилно одзел златен ланец со крст од еден човек, тргајќи му го од вратот, а потоа почнал да претура по полицата во дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. На овој начин, осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство.






Основното јавно обвинителство Скопје оцени дека, бидејќи станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, постои опасност од бегство. Поради тоа, до Судот е доставен предлог за определување мерка притвор.

„Станува збор за дрзок и насилен грабеж, при што осомничениот употребил сила за да го одземе туѓото имущество. Веднаш се преземаат сите законски мерки за расчистување на случајот и за заштита на оштетениот“, истакнаа од Основното јавно обвинителство.

Поврзани содржини