„ОВА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ БРАН НАСИЛСТВА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“ Вучиќ го нуди Белград како место за решавање на светските конфликти
Сакам да понудам Белград како место за дијалог за сите конфликти ширум светот. Верувам дека ќе обезбедиме најдобро можно гостопримство и апсолутна безбедност за сите учесници. Живееме во време на најтешки судири, изјави српскиот лидер во Обединетите Нации.
Српскиот претседател Александар Вучиќ од говорницата на Обединетите нации понуди Белград да биде домаќин на глобални мировни преговори, истакнувајќи ја длабоката распарчена стварност – не само меѓу држави, туку и внатре во секое општество.
Според српскиот лидер светот се соочува со најсмртоносниот бран на насилство од Втората светска војна.
– Сакам да понудам Белград како место за дијалог за сите конфликти ширум светот. Верувам дека ќе обезбедиме најдобро можно гостопримство и апсолутна безбедност за сите учесници.Живееме во време на најтешки судири – изјави тој на седницата на Генералното собрание на ОН, нагласувајќи дека денешниот свет се распаѓа по „емотивни разлики, проклета омраза и непочитување на основните морални права во секое село“.
Според Вучиќ, досега во 2024 година избувнале 61 вооружен конфликт во 36 држави, најмногу во последните 7 децении.
– Она што најмногу загрижува е што денешните општества се подлабоко поделени од било кога. Во минатото барем се покажуваше емпатија кога некој ќе загинеше, сега дури и сочувството исчезна.
Понатаму Вучиќ зборуваше за проблемите на Србија велејќи дека Србија не е тампон-зона, туку мост – а мостовите не делат, туку поврзуваат.
– Светот е пред големи геополитички расцепи, а Повелбата на Обединетите нации е единствениот рамковен акт што може да нè држи заедно – порача српскиот лидер.
Во обраќањето Вучиќ ја издвои и важноста на Балканот како „место на заедничка одговорност“ и нагласи дека регионот мора да биде заштитен од туѓи амбиции.
– Триесет години по конфликтите, стабилноста е нашата најголема вредност. Балканските народи заслужуваат право да ја обликуваат својата иднина без странско туторство – нагласи српскиот лидер.
Вучиќ истакнна дека Србија ќе се држи до целосна имплементација на Дејтонскиот договор, почитувајќи ги правата на сите – Србите, Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина.