ДЕЛОВИ ОД АВТОКОМАНДА И ОД АЕРОДРОМ УТРЕ БЕЗ ВОДА Службите санираат дефект и работат на нов приклучок
Поради промена на прв вентил ф 2.5“ на улицата Ташко Караџа бр.3, без водоснабдување ќе останат корисниците на улиците Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и Христо Ботев. Во исто време, ќе се работи и на водоводен приклучок ф 80 мм на адреса Блажо Орландиќ бр.38 А, поради што без вода ќе бидат и жителите на потегот од булевар Србија до улицата Тодор Чангов.
Делови од скопски Аеродром и Автокоманда, утре, 25 септември, ќе останат без вода. Причината е сериозен дефект во шахта и зафати на нов приклучок, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
„Поради промена на прв вентил ф 2.5“ на улицата Ташко Караџа“бр.3, без водоснабдување ќе останат корисниците на улиците Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и Христо Ботев.
Во исто време, ќе се работи и на водоводен приклучок ф 80 мм на адреса Блажо Орландиќ бр.38 А, поради што без вода ќе бидат и жителите на потегот од булевар Србија до улицата Тодор Чангов.
„Прекините ќе траат до завршување на зафатите“, соопштуваат од Центарот.