УШТЕ ДЕЛАТ ПРАВДА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ВРЗ КОИ ВЛИЈАЕЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ И ИЏЕТ МЕМЕТИ Зошто досега нема постапка против нив, прашува Андоновска
И Наќе Георгиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра мито, за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, по што - едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда. Корумпираното обвинителство и судство не отворија постапки за обвинителите и судиите врз кои Георгиев и Мемети влијаеле, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Здружението на судии се многу гласни како за некој што не само што нема сработено ништо, туку има и придонесено за нарушување на довербата на граѓаните, рече денеска Викторија Андоновка од ВМРО-ДПМНЕ.
– Остатоците на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се тие кои се спогодија со човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев, врховен судија и член на Судскиот совет, и со Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители, кои беа обвинети за местење и за влијание при судска пресуда. И Наќе Георгиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра мито, за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, по што – едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда. Корумпираното обвинителство и судство не се заинтересираа, ниту отворија постапки за обвинителите и судиите врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле – рече Андоновска.
Да не беше вниманието на јавноста вперено во овој случај, додаде таа, можеби ќе беа прогласени и за невини – толку од ова судство.
– Каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наќе Георгиев и за Иџет Мемети досудиле поблага казна? Тие уште судат и правоораздаваат. Тие се истите луѓе врз кои СДСМ и ДУИ и денес имаат влијание и со помош на кои ја избегнуваат правдата – рече Андоновска.
Ако Судскиот совет и Советот на јавни обвинители сакаат правда, еве нека почнат со постапка против судиите и обвинителите кои биле под влијание на Георгиев и Мемети и работеле под нивен диктат, а со тоа извршиле кривично дело, повика таа.
– Тие не треба да бидат судии. Очекуваме брзи и ефикасни одлуки, а не памфлети и вазалство кон СДСМ и ДУИ, тоа нема никаде да ги однесе – рече Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.