ГЛУМАТ СКРОМНИ ЛЕВИЧАРИ, А СИ ЛАПААТ ОД ПАРТИСКАТА КАСА Раководството на Леввица е дволично, обвини Манасиевски

Президиумот на Левица, луѓето кои се пратеници во македонското Собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства за патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми, кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари, рече Валетин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

112

Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица – вели Манасиевски.






Президиумот на Левица, додаде тој, односно луѓето кои се пратеници во македонското Собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства за патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми, кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари.

– Дали Левица е политичка партија или сметководствено биро? Дали средствата кои ги добивало раководството на Левица, ги добивало затоа што се сметководители или затоа што земале партиски патни трошоци? Вистинскиот проблем е што тие се претставуваат како скромни, неподмитливи и народни. Не е проблемот во тоа што земаат средства од својата политичка партија, проблемот е што се дволични. Пред камерите едно, зад нив друго. Лажното претставување на раководството на Левица е демаскирано. Левица се прочитани – рече Манасиевски.

Поврзани содржини