ЦАРИНАТА ГИ МОДЕРНИЗИРА ПОСТAПКИТЕ И ГО ЗАБРЗА ПРОТОКОТ НА СТОКИ Николовски вели годинава се наплатени 65,5 милиони евра

Директорот на царината рече дека клучна иницијатива која довела до забрзување на царинските постапки е усогласување на смените на Агенцијата за храна и ветеринарство со оние на Царинската управа.

59

Раст на наплатата на приходите за 65,5 милиони евра заклучно со август, забрзување на транспортот и олеснување на легалната трговија, како и подобрена безбедност на стоките што се внесуваат и изнесуваат од државата, преку подобрено менаџирање и имплементација на ИКТ системи усогласени со оние во Европската Унија, но и редовен дијалог со бизнис заедницата.

Ова го изјави  директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на традиционална средба со транспортери во организација на Макамтранс.е новиот систем на Царинската управа.






– Ова е систем што создава повисоки приходи, што обезбедува повеќе средства за државата, што гради фер економија, ја зголемува конкурентноста на македонската економија и овозможува забрзана интеграција во единствениот пазар на Европската Унија – рече Николовски.

Според него, една од клучните иницијативи што доведоа до забрзување на царинските постапки е усогласување на смените на Агенцијата за храна и ветеринарство со оние на Царинската управа.

 – Посветено работевме и на модернизацијата на процесите. Унапредувањето на менаџирањето и целосната имплементација на ИКТ системи усогласени со оние во ЕУ овозможија забрзување на царинските постапки и олеснување на легалната трговија – рече Николовски.

Тој информира  и дека од јануари е ставен  во целосна функција Новиот компјутеризиран транзитен систем – фаза 5, кој го унапредува контролниот механизам, ја подигнува безбедноста и ги забрзува процедурите, a се работи и на  имплементација на наредната фаза.

Поврзани содржини