ПРОСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА Е ГОТОВА, СЕ ЧЕКА МИСЛЕЊЕ ОД СИНДИКАТИТЕ Ристески со оценка дека цените се стабилизирани и одат надолу

Заменик министерот за економија беше во работна посета на Кавадарци, при што се сретна со претставници на бизнис секторот и занаетчиите. 

181

Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени.

Ова го истакна денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Кавадарци, одговарајќи на новинарски прашања.






– Ние преку Економско социјалниот совет имаме поднесено просечна потрошувачка кошничка, изработена од релевантни податоци од Заводот за статистика и релевантни институции, вклучувајќи го и Министерството за економија и пазарна инспекција. Така што очекуваме  и од синдикатите, да имаме повратен одговор. И доколку е во ред, во наредниот период, да биде изгласана просечната потрошувачка кошничка – рече Ристески.

Тој нагласи дека се подобрува економската ситуација.

Ристески беше во работна посета на Кавадарци, при што се сретна со претставници на бизнис секторот и занаетчиите.

Поврзани содржини