БРЕГОТ НА СЛОНОВА КОСКА ОТВОРА РУДНИК КОЈ КРИЕ 100 ТОНИ ЗЛАТО Првото производство ќе се реализира во 2028 година

Студија за изводливост е завршена во 2024 година покажува робустен проект кој може да има  просечно годишно производство на злато од 167.000 унци со вкупна одржлива цена од 1.047 долари во текот на 10-годишен животен век на рудникот.

45

Kомпанијата „Resolute Mining“ на североистокот на Брегот на Слоновата Коска планира планира да отвори рудник на злато.

Според соопштението на компанијата, откриеното наоѓалиште има капацитет од повеќе од 100 тони злато, што ветува значаен придонес за земјата и нејзината позиција во африканската индустрија за злато.






Студија за изводливост е завршена во 2024 година покажува робустен проект кој може да има  просечно годишно производство на злато од 167.000 унци со вкупна одржлива цена од 1.047 долари во текот на 10-годишен животен век на рудникот.

Проектот ги добил сите потребни дозволи  уште минатата година, освен Дозволата за експлоатација која  моментално е во обработка и се очекува да биде примена во втората половина на 2025 година.

Почетокот на изградбата е закажан за почетокот на 2026 година. Првото производство се очекува во 2028 година. Во фазата на изградба, планирано е да се вработат голем број работници, додека локалното население ќе има можност за професионален развој и вработување на специјализирани позиции за време на работењето на рудникот.

Владата на Брегот на Слоновата Коска го гледа проектот како „ресурс од национално значење“, додека експертите велат дека тој ја зајакнува позицијата на земјата во конкурентниот западноафрикански сектор за злато.

Сепак, тие предупредуваат дека конечните резултати зависат од глобалната цена на златото, динамиката на производството и строгата контрола на трошоците.

Паралелните истражувања на геолошката структура на регионот ветуваат понатамошни потенцијални откритија, што дополнително ја зголемува важноста на проектот.

Компанијата работи и на ново наоѓалиште во земјата.

Поврзани содржини