„СДСМ ГО ПРЕТВОРИ ЛОЗАРСТВОТО ВО БУНИШТЕ“ Ние обезбедуваме сигурен откуп и сигурна исплата на лозарите, порача ВМРО-ДПМНЕ
За разлика од празните зборови и манипулациите на СДСМ, наведено е во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите на терен говорат доволно јасно.
СДСМ повторно шири невистинити и обиди за манипулација со лозарите. СДСМ сега глуми загриженост, а токму тие во нивното владеење не понудија ниту еден оддржлив модел за откуп на грозје. Граѓаните знаат дека токму во времето на СДСМ и нивните ниски откупни цени, останаа насобрани милиони килограми винско грозје, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
За разлика од празните зборови и манипулациите на СДСМ, наведено е таму, резултатите на терен говорат доволно јасно.
„Од СДСМ треба да се запознаени дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во нивно време. За разлика од нив и нивните „ефикасни мерки“ за земјоделците, посветеноста и работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и МЗШВ овозможи оваа година оспособување на системите за наводнување кои ги остави СДСМ во катастрофална состојба, а бенефитите од ова оспособување ги гледаме во зголемениот придонес на винско грозје. Едно е јасно, а тоа е дека откупот на грозјето се одвива континуирано и организирано, со над 78 милиони килограми винско грозје откупени заклучно со 16.09.25 година. Владата и МЗШВ имаат јасна визија и обезбедени механизми за откуп и на преостанатите количини. Се работи со повеќе винарии, а вклучувањето на Вардар винарија е само дел од дополнителниот капацитет кој ќе обезбеди лозарите да немаат загуби. Исплатата на лозарите е гарантирана со државна поддршка и нема да се дозволи ниту еден килограм грозје да остане неисплатен. Денес лозарите гледаат иднина со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со усогласена откупна цена, со сигурен откуп и навремена исплата“, се вели во соопштението на владејачката партија.