СОФИЈА ВЕРГАРА ЗАВРШИЛА ВО ИТНА ПОМОШ Еве зошто глумицата не го водеше доделувањето на наградите Еми?

Софија Вергара мораше да ги откаже своите планови за доделувањето на наградите Еми поради посета на итната помош.

609

Актерката Софија Вергара (53) сподели на својот Инстаграм фотографија од она што го нарече „најлуда алергија на очите“ .

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ требаше да биде водителка на 77-то годишно доделување на наградите Еми, кое се одржа во Лос Анџелес.






Сепак, таа морала да го замени гламурот на црвениот тепих со болничка атмосфера во текот на најголемата телевизиска вечер.

Како што открила, актерката ги пропуштила доделувањата на наградите Еми 2025, поради алергија.

– Не стигнав на доделувањето на наградите Еми, но стигнав во итната помош, напиша таа и објави фотографија на која нејзиното лево око е речиси затворено.

– Жал ми е што морав да откажам! Имав најлуда алергија на очите некогаш, токму пред да се качам во автомобилот, објаснила таа.

Вергара требаше да биде домаќинка на овогодинешната церемонија, според соопштението за медиумите на 9 септември, заедно со список исполнет со ѕвезди, на кој беа Елизабет Бенкс, Анџела Басет, Џејсон Бејтман, Кристен Бел, Стерлинг К. Браун, Џенифер Кулиџ, Колман Доминго, Тина Феј, Мариска Харгитеј, Џуд Ло, Сара Полсон, Сидни Свини, Џеси Вилијамс и Кетрин Зета-Џонс.

Таа не е единственото објавено име кое не се појави на настанот.

Ерик Дејн беше исто така именуван за домаќин, но не се појави. 52-годишниот актер, на кого му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), требало да помогне на прославата на 20-годишнината од серијата „Grey’s Anatomy“, објави списанието People.

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Поврзани содржини