НОВА ЕНЕРГИЈА ВО ПОЛИТИКАТА Движењето ЗНАМ со системски решенија за Центар и за Скопје

Поддршка за Лабудовиќ во Општина Центар и генералот Котески за поинакво Скопје.

1,254

Движењето ЗНАМ денеска официјално ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Општина Центар, како и листата на кандидати за советници во Советот на Општина Центар и Советот на Град Скопје.

Лабудовиќ истакна дека Центар заслужува системски решенија и поинаков пристап во урбаното управување.






– Центар заслужува конечно работите да се решаваат системски, со една јасна визија за многу почист Центар, безбеден Центар, Центар кој има ред и организација. Оваа денешна слика мора да се промени. Центарци знаат што е најдобро за нив – порача Лабудовиќ.

Тој им се заблагодари на ЗНАМ за довербата и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката која ја добива.

– Најважни се граѓаните и условите во кои живеат. Центар е наш заеднички дом. Ќе го вратиме сјајот и редот со квалитетни системски решенија. Ќе го ослободиме просторот, ќе го исчистиме, озелениме и повторно ќе го слушаме детскиот џагор во маало. Знаеме како! – нагласи кандидатот за градоначалник.

Приоритети на ЗНАМ

– Од движењето најавуваат дека нивната кампања и политичка визија ќе се темелат на:

– зголемување на зелените површини и подобра животна средина,

– системски решенија за сообраќајот и инфраструктурата,

– почисти и побезбедни маала,

– враќање на јавниот простор во рацете на граѓаните.

– Ова не е само политичка агенда, ова е заедничка визија за град кој ќе биде гордост на сите нас. Време е во Центар и во Скопје да владее ред, чистота, безбедност и урбан живот достоен за неговите жители – истакна Лабудовиќ, додавајќи дека движењето останува посветено на чесна и одговорна политика.

Листа за Советот на Град Скопје

Фото: ЗНАМ

Паралелно, во Градската изборна комисија беше поднесена и листата за советници во Советот на Град Скопје. Носител на оваа листа е генерал Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот на АРМ.

– Влегуваме чесно и со јасен план и визија, со волја да ги решаваме проблемите со кои се соочува градот Скопје. Граѓаните заслужуваат функционален, организиран и чист град, а ние знаеме како тоа да го постигнеме – изјави генералот Котески.

Поврзани содржини