🎥 ЕД ШИРАН ОБЈАВИ ВИДЕО СНИМЕНО ВО ДАЛМАЦИЈА Пејачот откри дека песната и спотот се посвета за неговата најголема љубов
Ширан претходно објасни дека замислил видеото да ги рекреира клучните моменти од неговата врска со сопругата Чери Сиборн, со која е во брак од 2019 година и заедно имаат две деца.
Пејачот Ед Ширан објави видео за песната „Камера“, кое го сними во Хрватска. Видеото содржи снимки од Далмација, а во него се појавува и актерката Фиби Дајневор, позната по улогата во првата сезона од серијата Бриџертон, која во спотот глуми негова девојка. Ширан претходно откри дека видеото е снимено целосно со Ајфон.
Погледнете како изгледа.
Снимено е на Хвар во август
За потсетување, пејачот и актерката беа видени на Хвар во август. Освен на Хвар, видеото е снимено и во Сплит, како и на разни далматински плажи и дестинации, кои се гледаат во видеото.
Спотот како посвета на љубовта
Ширан претходно објасни дека замислил видеото да ги рекреира клучните моменти од неговата врска со сопругата Чери Сиборн, со која е во брак од 2019 година и заедно имаат две деца.
– Мојата оригинална идеја за видеото за песната Камера беше да користам приватни домашни снимки од мене и Чери – клучни моменти од нашата врска. Но, како што знаете, ние сме многу приватен пар и некои работи сакаме да ги задржиме само за себе. Затоа решив да рекреирам некои од тие моменти во видеото, со одличната Фиби Дајневор, напиша тој претходно.
– Беше толку забавно снимањето на ова видео, целото искуство делуваше како мал одмор. Сè беше снимено на iPhone, а беше режирано од одличниот Емил Нава. Се надевам дека ќе уживате во песната и видеото – и двете ми значат многу, додал тој.