НАСКОРО ЌЕ ГО ИМАМЕ ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР По изборите ќе се официјализира изборот на унгарски 4iG

По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори  закажани за 19. следниот месец,  треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач.   

137

Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори  закажани за 19. следниот месец,  треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач.

– По јавното отворање на понуди на 22 август, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање изготви извештај со соодветен предлог со директорот на АЕК. Согласно Законот за електронски комуникации во рок од три дена од приемот на извештајот директорот носи одлука за завршување на постапката по јавен тендер со јавно наддавање. Следен чекор е по завршување на изборниот процес директорот да донесе одлука за избор на најповолен понудувач – информираа за МИА од АЕК.

Поврзани содржини