ЗИДАН СПРЕМЕН ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК Франција добива нов селектор по Светското во 2026

Зинедин Зидан внимателно ја следи Лига 1 и европските првенства и веќе има планови за идната игра на Франција.

474

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан се подготвува да ја преземе функцијата селектор на француската фудбалска репрезентација по завршувањето на Светското првенство во 2026 година, пренесува „L’Équipe“.

Според информациите, 53-годишниот стратег внимателно ја следи Лига 1, но и другите европски првенства, при што прави детални белешки и веќе има идеи за идниот изглед на играта на „триколорите“.






Досегашниот селектор Дидие Дешам изјави дека Мундијалот во 2026 ќе биде неговиот последен турнир на чело на националниот тим, со што се отвора патот за Зидан.

Во својата досегашна тренерска кариера, Зидан единствено го водеше Реал Мадрид во два наврати – од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година. Под негово водство, „кралскиот клуб“ три пати ја освои Лигата на шампионите, двапати ја освои титулата во Ла Лига и двапати го крена трофејот во Суперкупот на Шпанија.

Поврзани содржини