АКО ГО ЦЕНИМЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРОИЗВОД, ДРУГИТЕ ЌЕ НЀ ЦЕНАТ НАС Мицкоски очекува кампањата „Македонско најдобро“ да ја поттикне индустријата

Премиерот смета дека кампањата е патриотска, а македонските производи, вели, се најдобри. 

309

Премиерот Христијан Мицкоски очекува преку кампањата  „Македонско најдобро” да се поттикне домашното производство со помош на граѓаните, а резултатите ќе бидат покрај другото и во тоа што и другите ќе го ценат тоа.

Тој кампањата ја смета за патриотска, а македонските производи, вели, се најдобри.






– Сакаме на граѓаните да им кажеме дека македонското е најдобро. И сите да се ориентираме кон македонското. Сите да си се посветиме на македонските езера, на македонските планини, на македонските села, на македонското вино, сирење, кашкавал, месо, преубави се и сè останато. Еве да се обидеме сите тоа да го правиме и да видите како сè ќе биде поинаку и другите повеќе ќе нè ценат – рече Мицкоски.

Тој  појасни дека целта на кампањата е да се поттикне македонското производство, посебно преработувачката индустрија.

– Јас сум многу среќен, што главен двигател на растот на индустриското производство, понатаму и на домашното производство е токму растот на преработувачката индустрија – рече тој.

 

Поврзани содржини