📷 ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛОТ НА ЃОРГИ ГАЛЕТАНОВСКИ-ЧОМБЕ Го виделе подметнувачот како бега

Галетановски ја потврди информацијата и појасни дека возилото му било паркирано пред зградата во којашто живее во скопската населба Кисела Вода. 

4,856

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.

Галетановски ја потврди информацијата и појасни дека возилото му било паркирано пред зградата во којашто живее во скопската населба Кисела Вода.






Противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.

– Некој намерно го запалил автомобилот, го виделе како бега. Бил слаб, висок, со дуксер. Аплерирам до МВР и до министерот за внатрешни работи што побрзо да го фатат сторителот – изјави Галетановски.

СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.

„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, соопшти СДСМ.

Поврзани содржини