СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ ЗА СЕКОЈДНЕВНИТЕ УСЛУГИ За кои поволности станува збор?
Интернет банкарство без дополнителни трошоци за граѓаните: целосно се укинува еднократниот надоместок за издавање на БТ Токен апликација (која досега чинеше 200 денари).
Стопанска банка а.д. Битола донесе одлука за измени во својата Тарифа на надоместоци за физички и правни услуги, кои од 1 октомври 2025 година значително ќе се намалат и делумно ќе се укинат надоместоци за користење на услугите.
Со оваа одлука Банката ја потврдува својата заложба за поголема транспарентност и финансиска достапност, олеснувајќи им на граѓаните и компаниите пристап до современи и поволни банкарски решенија.
Клучни измени и поволности за физички лица
– Поголема достапност на електронските плаќања: сите трансфери што граѓаните ги вршат преку интернет или мобилно банкарство кон сметки во рамки на Стопанска банка а.д. Битола отсега ќе бидат целосно бесплатни.
– Електронски трансфери по пониски цени: кредитните трансфери преку интернет и мобилна апликација кон други банки преку МИПС се намалуваат за 50%, од 110 денари на 55 денари.
– Намалени надоместоци на шалтер: трансферите кон сметки во други банки преку МИПС се намалуваат од 250 денари на 200 денари.
– Интернет банкарство без дополнителни трошоци: целосно се укинува еднократниот надоместок за издавање на БТ Токен апликација (која досега чинеше 200 денари).
Поволности за правни лица
– Пониски надоместоци за онлајн трансакции: безготовинските кредитни трансфери преку интернет услуги кон други банки преку МИПС се намалуваат за 25 %, од 120 денари на 90 денари.
– Пониски надоместоци за кредитни трансфери преку МИПС: намалување од 320 денари на 280 денари по налог.
Со овие измени, Стопанска банка а.д. Битола значајно го олеснува користењето на платежни сметки, електронско и мобилно банкарство и трансфери на средства – со што се создаваат услови за побрзо, поедноставно и поекономично секојдневно банкарско работење.