„НЕ САМО ШТО НЕ МОЖАТ ДА ЈА ПОДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА, ТУКУ МОЖАТ ДА ЗАВРШАТ В ЗАТВОР“ Ахмети е во очај штом го спомнува конфликтот во 2001 година, порача ВМРО-ДПМНЕ
ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, сега сме 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат Македонија и ги злоупотребуваат пред сè своите гласачи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
ДУИ е во очај. Штом Ахмети се враќа 24 години наназад со тезите откако да се потсетиме во тие 24 години, 23 беше на власт и е учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите. Сега после 23 години власт му текна да зборува за 2001 година, конфликт чии бенефити и материјализирање најдобро го осетија 50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари (со сета почит кон чесните носители на овие професии), станаа шеици и тајкуни заради слабата држава и нивната перманентна закана и континуирана злоупотреба на етнички теми во ситуации кога треба да се зборува за реформи, иднина, подобар живот на граѓаните, и борба против корупција од која тие се преплашени, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение откако вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека „ако сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го стореле во 2001 година со 15.000 војници“.
„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, сега сме 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат Македонија и ги злоупотребуваат пред сè своите гласачи. И една друга теза која ги повикавме Албанците да ја слушнат јасно, дали сте свесни дека додека ДУИ е на власт, овие 24 години има егзодус на Албанците (и на Македонците и останатите, но во огромен процент на Албанците), и има толку раселени Албанци од Македонија што Ахмети дури и да ја поделел во 2001, сега Македонија што ќе му останела ќе била иста и бетер како оваа целата, сиромашна, опљачкана и празна. Ние се бориме за доброто на сите. И апелираме да не се дозволува да се инволвира јавноста во овие теми затоа што Ахмети ако не зборува за овие теми станува безначаен, празен и гол, при што лесно се гледа неговото вистинско корумпирано лице, и на неговите најблиски. ДУИ без да се реформира освен со Филипче заради тоа што се исти и со исти вредности и одраз на еден ист ментален склоп, нема соговорник и публика кај никој друг во македонскиот блок, ниту пак некој ги сфаќа сериозно нивните потсетувања на конфликтот после 24 години нивно владеење во земјава од која остана пепел, сиромаштија и се произведоа тајкуни блиски до ДУИ и дел од ДУИ“, се вели во соопштението.
Очигледно српското влијание во ДУИ е непобитно, посочено е таму.
„Голем мерак имаат да бидат како оние српски скороевичи кои се збогатија на грбот на српскиот народ во време на Милошевиќ и ембарга и шверцови и рушење на државниот поредок и општа пљачка. Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото во кое се огледуваат тие е од Али-експрес и затоа делуваат во една јавност со вкус и чувство со нормалност, трагикомично“, се вели во соопштението.