АВТОБУСИТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ СООБРАЌААТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Жичницата ќе работи од 10 до 20 часот

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

37

Јавниот градски превоз во Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

ЈСП Скопје соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.






Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Воедно, од ЈСП информираат дека од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот градски превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.

Поврзани содржини