ОД КАДЕ Е ДИЈАМАНТОТ НА ВЕРЕНИЧКИОТ ПРСТЕН НА ТЕЈЛОР СВИФТ? Скапоценото камче на прстот на поп-ѕвездата можеби потекнува од Индија

Шпекулации на социјалните мрежи ја поврзаа веридбата на пејачката Тејлор Свифт, поточно, дијамантот што го краси вереничкиот прстен кој таа го доби од Тревис Келси, со легендарните рудници Голконда

397

Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Тејлор Свифт, која неодамна се сврши со НФЛ-ѕвездата Тревис Келси, повторно е во центарот на вниманието – овојпат поради прстенот што блеска на нејзината рака.

Инстаграм-корисничката Сингдха Сур, основачка и извршна директорка на медиумската платформа The Juggernaut, објави видео во кое тврди дека централниот дијамант на прстенот можеби потекнува од прочуените рудници Голконда во Индија.






Овие рудници имаат историска слава – од таму потекнуваат некои од најпознатите дијаманти во светот, како што се „Кохинур“ и „Хоуп“. Особено внимание привлекува фактот дека прстенот на Свифт е изработен во таканаречениот „old mine cut“ стил, винтиџ форма која во модните кругови важи за симбол на реткост и префинетост.

Историчарите потсетуваат дека голем дел од индиските дијаманти биле одземени за време на британската колонијална власт, па секое ново поврзување со ова наследство отвора и прашања за културната припадност и за враќањето на заслуженото признание на Индија.

И додека светските медиуми шпекулираат за потеклото на дијамантот, секој детал од животот на Тејлор Свифт станува тема во светските медиуми, а нејзиниот свршувачки прстен веќе доби статус на културен феномен.

Поврзани содржини