КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ ЗДРАВО ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА? Неколку совети за конзумирањето на здрава храна и одржување на здрав женски ритам

Со вашата исхрана во текот на бременоста, вие го поставувате и темелот за здрав, среќен и светол почеток на новиот живот што го носите во себе

37

За време на бременоста телото се менува секојдневно, носејќи ја во себе магијата на нов живот.

Со секоја промена – растат и потребите за нежна грижа и правилна исхрана – која не е само извор на енергија, туку и на љубов и сигурност што му ја подарувате на новото срце што чука во вас.






Она што го храните во себе, го храните и во вашето бебе – темел за здрав, среќен и светол почеток на неговиот живот.

Ви споделуваме неколку совети за конзумирањето на здрава храна и одржување на здрав женски ритам за време на вашата бременост.

– Овошје и зеленчук – шарени чинии полни со витамини, минерали и влакна
кои ја поддржуваат и мајката и бебето.
– Интегрални житарки – овес, ‘рж, киноа или интегрален ориз за целодневна
енергија.
– Протеини – посно месо, риба, јајца, мешунки и јаткасти плодови – за развој
на ткивата и органите на бебето.
– Млечни производи – извор на калциум за здрави коски и заби.

Покрај органската dmBio храна, од особено значење се и неколку додатоци во форма на витамини и минерали како оние на Мivolis и кои треба да се дополнуваат во текот на бременоста за да го јакнете вашиот имунитет и да му обезбедите здрав и силен почеток на животот на вашето бебе.

– Фолна киселина – за правилен развој на нервниот систем на бебето.
– Железо – за превенција на анемија и за повеќе енергија.
– Калциум и витамин Д – за здрав развој на коските и забите.
– Омега-3 масни киселини – за развој на мозокот на бебето и на видот

А најпрактично е тоа што сите овие производи може да ги најдете во вашата најблиска dm дрогерија.

Желбите за храна се нормални, но важно е да се прави разлика помеѓу моментален апетит и вистинска нутритивна потреба. Малите, чести оброци можат да помогнат да се избегне гадење и замор. Здрава и избалансирана исхрана ви дава повеќе енергија и сила за да се справите со секојдневните промени и заморот. Тоа е вашата најубава инвестиција – и во сопственото здравје, и во иднината на вашето бебе. А и не е страшно ако од време на време се засладите и почестите со вкусни вафли прелиени со чоколадо, овошје или пак со органски агаве сируп.

Поврзани содржини