ДЕТЕ ПАДНА ОД ВОДОПАД И ЗАГИНА ПРЕД ОЧИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ Семеен излет во Србија се претвори во трагедија

Момчето се лизнало на камен додека се качувало по водопадот Тупавица, удрило со глава во карпата и паднало во водата, информираа српските медиуми. 

632

Тинејџер на 15-годишна возраст од Алексинац, Србија вчера загина пред очите на родителите на водопадот Тупавица на Стара Планина во општина Пирот.

Момчето се лизнало на камен додека се качувало по водопадот, удрило со глава во карпата и паднало во водата.






Полицијата во Пирот за српските медиуми потврди дека малолетно момче загина вчера на водопадот Тупавица.

– Детето се качувало по карпите кај водопадот Тупавица, се лизнало и удрило со главата од карпата и паднало во водата. Родителите, кои биле присутни, го извлекле од водата и ги известиле службите за итни случаи. Брзата помош и полицијата дошле на местото на настанот, но за жал, момчето починало – соопшти полицијата.

Мештаните велат дека до трагичниот исход дошло откако детето се обидело да стапне на еден  камен кој бил обложен со многу лизгави алги.

Водопадот Тупавица е еден од најубавите и најпосетуваните водопади на Стара Планина. Се наоѓа на само 50 метри од патот, што го прави многу лесно достапен, поради што го посетуваат голем број туристи и љубители на природните убавини.

Жителите на Алексинац се потресени од трагедијата. За загинатото момче М.М. (15), кое годинава заврши основно училиште и требаше да тргне во средно, имаат само најпофални зборови, како и за неговото семејство, кое го опишуваат како добро и вредно.

„Голема тага. Животот беше пред тебе. Нема утеха за твоите родители и за твоите пријатели. Нека те чуваат ангелите прекрасно дете“, напиша жителка на Алексинац на Фејсбук.

Поврзани содржини