ПОРАНЕШНА АКТЕРКА СТАНАЛА ИГУМАНИЈА ВО ЦРНОГОРСКИ МАНАСТИР Мајка Лукија е сега посветена на духовниот живот и на Бога
Актерот Сергеј Трифуновиќ сподели слика на Инстаграм со поранешната актерка Александра Губериниќ, што беше големо изненадување за неговите следбеници.
Поранешната актерка, за која тврдат дека е една од најталентираните, станала монахиња и игуманија на манастир во Црна Гора.
Сега добила монашко име и сите ја знаат како Мајка Лукија.
Александра се сметала за една од најталентираните студентки на Факултетот за драмски уметности, а подоцна и актерка. Таа била во класата што се запишала на глума во 1993 година кај професорот Миленко Маричиќ.
Студирала со: Милош Тимотијевиќ, Паулина Манов, Данијела Врањеш, Наташа Марковиќ, Иван Томиќ, Никола Булатовиќ, Александар Милковиќ, Дијана Маројевиќ, Данијела Сица, Даница Здравиќ, Владислав Михаиловиќ, Небојша Лиќ и Олгица Пешиќ.
Актерката останала запаметена од публиката по нејзината улога во филмот „Сенки на спомени“ од 2000 година, во кој играла заедно со Бата Живојиновиќ и Драган Јовановиќ.
– Нејзиното име порано беше, ја познавав од аматеризмот, потоа се запиша на Факултетот за драмски уметности и беше една од најталентираните актерки што ги имавме. Денес таа е Мајка Лукија, игуменија на манастир во Црна Гора. Куќата во која е манастирот е нејзината родна куќа. Тоа е само една фантастична приказна што нема да ви ја раскажам. Исто така, нема да ви кажам каде е манастирот, бидејќи тоа е нејзина желба – напишал актерот.
