ПЕНТАГОН ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВИКА МИНИСТЕРСТВО ЗА ВОЈНА Трамп сака да да му се врати воинствениот етос на Министерството за одбрана

Кога ја добивме Првата светска војна, Втората светска војна, се викаше Министерство за војна. И за мене, тоа е навистина тоа што е, рече амриканскиот претседател Доналд Трамп.

162

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон во следните денови ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна со цел на Пентагон да му се врати „воинствениот етос“.

Официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп и претходно ја критикуваше промената на името во Министерство за одбрана.






– Кога ја добивме Првата светска војна, Втората светска војна, се викаше Министерство за војна. И за мене, тоа е навистина тоа што е – рече Трамп на прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг.

Министерство за војна постоело од 1789 до 1947 година, кога администрацијата на претседателот Хари Труман го поделила на Армија и Воздухопловни сили и го споила со тогаш независната Морнарица. Труман ја именуваше новата агенција на ниво на кабинет како Министерство за одбрана. Неговата намера беше промената на името да му даде на шефот на Пентагон поцентрализирана власт над одделните гранки на војската, особено над Морнарицата, која уживаше значителна независност до крајот на Втората светска војна.

Претседателот Трамп во последните недели ја навести можноста за враќање на старото име. Тој го нарече министерот за одбрана Пит Хегсет за свој „министер за војна“ на самитот на НАТО во јуни.

– Ако ја погледнете старата зграда до Белата куќа, можете да видите каде беше министерот за војна. Потоа станавме политички коректни и тие го нарекоа министер за одбрана – рече Трамп, нагласувајќи ја важноста и на одбраната и на офанзивата.

Поврзани содржини