МАКЕДОНИЈА Е ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ Само во општините има 1.200 инфраструктурни проекти

Министерот за транспорт вели дека сега, за разлика од некои минати времиња, започнатите инфраструктурни проекти се завршуваат.

329

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1.200 активни проекти коишто ги поддржува министерството за транспорт и Владата, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на Саемот-Отчет на градоначалниците на ВМТО-ДПМНЕ.

-Тоа се само проекти преку Министерството за транспорт, да не зборувам за оние големи инфраструктурни проекти коишто одат директно преку Министерството за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта. Дали е тоа изградбата на автопатите Охрид-Кичево, сега работиме на Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола. Дали е пуштањето во промет на дата правци на експресниот пат Прилеп-Градско, тоа е делот од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Понатака Куманово-Крива Паланка експресниот пат и бројни проекти коишто се работат во овој момент – рече Николоски.






Николоски рече дека  сега, за разлика од некои минати времиња, започнатите инфраструктурни проекти се завршуваат.

– И добро е што конечно завршуваат проектите и граѓаните можат да видат дека може да се заврши проект и она што е најважно, ја враќаме самодовербата кај народот дека Македонија и македонците се способни да водат големи проекти. Не е тоа само во патната инфраструктура, тука е и железничката инфраструктура, тука се аеродромите и авио линиите, тука се обновливите извори за енергија. Да не заборавиме дека за помалку од година дена успеавме целосно да завршиме во дел на процедури еден огромен проект којшто треба да е инвестиција од половина милијарда евра – рече Николоски.

Поврзани содржини