ТЕТОВЧАНКА НАСЕДНА НА ЛАЖНА СОБРАЌАЈКА Измамници ѝ зеле 16.000 евра и 10.700 франци

Измамниците повторно активни со лажни телефонски повици за „сообраќајки“, полицијата апелира на претпазливост.

270

79-годишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била измамена со класично сценарио за лажна сообраќајка, при што изгубила голема сума пари – 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, измамата се случила на 21 август 2025 година околу 14:40 часот, кога непознато лице телефонски ја контактирало оштетената и се претставило како лекар.






На жената ѝ било кажано дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, во која се здобила со тешки телесни повреди и дека за итна операција мора да биде уплатена голема парична сума. Верувајќи во приказната, тетовчанката парите ги фрлила од својот балкон на лице кое дошло да ги подигне, по што подоцна сфатила дека станува збор за измама.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини