ОПОЖАРЕНИ ВОЗИЛА НА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН Пожар во Скопје го разбуди цел кварт

„Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот беше целосно изгаснат и нема повредени лица“, соопштија од СВР Скопје.

1,131

Ноќеска во 02:42 часот во СВР Скопје бил пријавен пожар на две возила на булеварот Кочо Рацин.

Според полицискиот билтен патничко возило „Опел Инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 32-годишниот А.Л., било опожарено на паркинг пред станбена зграда.






Пожарот, за жал, се проширил и на патничкото моторно возило „Тојота Лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 68-годишниот В.А.

„Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот беше целосно изгаснат и нема повредени лица“, соопштија од СВР Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за пожарот се во фаза на истрага. Полицијата работи на утврдување на околностите и евентуалните сторители на делото.

„Се преземаат сите мерки за расчистување на случајот, а во наредниот период ќе бидат проверени и сите технички и безбедносни аспекти поврзани со опожарените возила“, додаваат од полицијата.

Поврзани содржини