ХРВАТСКАТА КОМПАНИЈА „ЕЛКА“ САКА ДА ГРАДИ ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА Ќе произведува високонапонски кабли

Компанијата ЕЛКА има богато наследство од речиси еден век во индустријата за електрични кабли. Производствениот погон, сместен во Загреб, работи од крајот на 1970-тите, заземајќи огромна површина од 88.000 м², со годишни капацитети што овозможуваат производство на 25.000 тони готови производи, појаснуваат од ТИРЗ.

260

Хрватската компанија ЕЛКА, која е дел од Искра групацијата е нов потенцијален инвеститор во фабрика за  електрични кабли во рамките на ТИРЗ, која би била специјализирана за производство на високонапонски до екстремно високо напонски кабли, информираат од ТИРЗ.

За таа цел денеска во Загреб директорот на ТИРЗ Гоце Димовски имал средба со претседателот на Управниот одбор на компанијата  Матија Шешок на која присуствувал и амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски.






Димовски на средбата  кажал можностите кои ги нуди Македонија за инвеститорите.

-Како земја нудиме најразлични поволности за странските инвестиции кои носат додадена вредност во нашата економија, моментално сме и рангирани како една од првите шест земји лидери во светот кога станува збор за странските инвестиции. Оваа нова потенцијална инвестиција е значајна од повеќе аспекти, земајќи предвид дека ова би била првата фабрика надвор од Хрватска со што ќе се унапреди и позицијата на Македонија на мапата на СДИ – рекол Димовски.

Шешок, како што информираа од Деирекцијата на ТИРЗ, нагласил дека Македонија претставува стабилен партнер со предвидлива деловна клима.

– Препознаени сме како водечки производител на електрични кабли во Централна и Источна Европа со силна посветеност на квалитет и иновации, како единствен производител на среднонапонски и високонапонски кабли во регионот. Верувам дека новата потенцијална инвестиција ќе има силно влијание врз технолошкиот и одржлив развој на Македонија, како и зголемувањето на извозот – рекол Шешок.

Основана во 1927 година, компанијата ЕЛКА има богато наследство од речиси еден век во индустријата за електрични кабли. Производствениот погон, сместен во Загреб, работи од крајот на 1970-тите, заземајќи огромна површина од 88.000 м², со годишни капацитети што овозможуваат производство на 25.000 тони готови производи.

Во јули 2021 година, по одобрение од органите за конкуренција во Хрватска и Словенија,  компанијата ЕЛКА стана дел од групацијата „Искра“, што го означи почетокот на нов циклус на континуирани инвестиции, развој и раст.

Поврзани содржини