ПАНИКА НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ Чувајте си ги децата, странци тајно ги фотографираат

По инцидентот во кој странци фотографирале деца во Грција без согласност од родителите, загрижени граѓани упатија совети до туристите вокаде и како да пријават доколку забележат такво однесување.

751

Летувањето во Грција, омилената дестинација на многу семејства од Србија и регионот, за некои туристи се претворило во непријатно и вознемирувачко искуство по инцидентот што се случил на плажа во местото Неа Флогита, објави српски Телеграф.

На социјалната мрежа, во групата „Grčka info“, се појавило морничаво предупредување – туристи уловиле група странски државјани како фотографираат мали деца на плажа, а според тврдењата на очевидци, снимките наводно биле наменети за понатамошна препродажба.






„Денеска беа фатени како фотографираат мали деца на плажа за понатамошна продажба и настана хаос кога родителите го забележаа тоа. Ве молам, предупредете ги сите да внимаваат и да пријават ако видат нешто слично“, напишала една Србинка која во тој момент била на одмор таму.

Инцидентот предизвикал паника меѓу родителите, а бројни членови на групата коментирале дека безбедноста на северот од Грција е сериозно нарушена, бидејќи тие места се „погодни за крадци и манијаци од околните земји кои лесно ја преминуваат границата“.

Фотографирањето деца без родителска согласност е казниво по закон

По бројните реакции, во истата група се огласила и Србинката Даница, која упатила конкретни совети до родителите и потсетила дека во Грција, како и во цела Европска Унија, децата се посебно заштитени со закон и со GDPR регулативата.

„Фотографирањето малолетници без дозвола од родител или старател претставува нарушување на приватноста. Ако фотографиите се користат, споделуваат или се продаваат, тоа се третира како сериозно кривично дело, експлоатација на деца, и строго се казнува со парична и затворска казна“, предупреди таа.

Каде да се обратите ако некој го фотографира вашето дете?

Според Даница, доколку родителите забележат ваква ситуација, треба веднаш да реагираат:

  • Повикајте полиција на бројот 100 или на европскиот итен број 112;
  • Пријавете до онлајн единицата на полицијата за високотехнолошки криминал преку е-пошта: [email protected];
  • Или анонимно преку организацијата SafeLine Greece, членка на меѓународната мрежа INHOPE, на линкот: www.safeline.gr/en.

„Ве молам да бидеме внимателни едни со други и да го споделиме ова со други семејства. Нашите деца имаат право на безбедност и на приватност, а на нас е да го чуваме тоа право и заедно да реагираме кога е загрозено“, порачала Даница.

Поврзани содржини