ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Скопјанец со нож нападнал сограѓанин, напаѓачот совладан

43-годишен Скопјанец се соочува со обвинение за „убиство во обид“, откако со нож нападнал сограѓанин во хотел во Охрид.

759

Скопјанец заврши со кривична пријава за „убиство во обид“, откако со нож нападнал сограѓанин во хотел на охридското крајбрежје.

Како што информираат од СВР Охрид, против 43-годишниот А.Д. од Скопје е поднесена кривична пријава поради сомнение дека на 25 јули 2025 година физички нападнал друг жител на Скопје. При нападот, тој употребил и нож, со што го загрозил животот на нападнатиот.






Инцидентот се случил во еден од охридските хотели, а напаѓачот бил набргу совладан и лишен од слобода. Случајот е целосно документиран, а по завршената постапка против него ќе следува и понатамошна кривична процедура.

Поврзани содржини