ЗА 48 ЧАСА РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЈАВЕНИТЕ ДУПКИ, ЃУБРЕ ИЛИ ПРЕГОРЕНИ СВЕТИЛКИ Кандидатот Османи ветува ефикасност во Чаир

Наместо политичко надвикување, Бујар Османи во Чаир понуди мерки кои ако се воведат доследно, ќе донесат нова култура: општина што мери, објавува и што испорачува, соопшти ДУИ.

224

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, пред општинската зграда најави јавно табло со неделен план и статус на задачи, проект „Чаир 48″ за одговор или решение на пријавите во рок од 48 часа, вторник како „отворен ден“ без закажување, брза комунална екипа и јавен календар на средби и одлуки на општината, соопшти ДУИ.

„Оваа рамка директно го погодува коренот на проблемот кој со години ја следи општината: неефикасност, слаба координација меѓу службите и отсуство на видливи рокови. Граѓаните ретко знаат кој е задолжен за конкретен проблем, кога ќе биде решен и зошто доцни. Јавното табло, ако навистина се ажурира редовно и прецизно може да внесе најосновна, но пресудна промена: дневна видливост на работата. Воведувањето рок од 48 часа за „мали“ комунални интервенции (дупки, улично осветлување, отпад, небезбедни точки) е амбициозен зафат. Во пракса, ваков стандард бара дисциплина во прием и класификација на пријавите, доволно екипи на терен и резерви во буџетот за брзи поправки. Добро е да се разграничат активностите на општината меѓу „брзи“ или интервентни и „капитални“ работи и граѓаните побрзо ќе разберат што реално може да се заврши за два дена, а што бара проект и тендер“, соопшти ДУИ.






„Отворен ден“ без закажување и јавен календар на активностите се чекори што веќе постојат во некои општини, но ретко функционираат доследно, се додава во соопштението.

„Клучно ќе биде, дали градоначалничкиот кабинет навистина ќе биде достапен секој вторник, дали ќе има протокол за следење на случаите што ќе стигнат тој ден и дали ќе се објавуваат резиме и исходи за јавноста. Во спротивно, и ова може да се претвори во уште еден симболичен гест, но Османи го ветува спротивното. Османи најави и утрински брифинзи со службите секој работен ден во 7.30 часот, со јавно објавување на дневниот план. Ваквиот ритам на координација може да „одврзе“ многу мали блокади меѓу секторите под услов плановите да не останат на хартија, туку да се следат и да се сносат последици ако доцнат“, соопшти ДУИ.

Сумирано, Османи го погоди нервот на дебатата во Чаир – неефикасноста и наместо политичко надвикување, понуди мерки кои ако се воведат доследно, ќе донесат нова култура: општина што мери, објавува и што испорачува, соопшти ДУИ.

Поврзани содржини