ОСМАНИ Е ПРАЗНА КНИГА, ЧОВЕК БЕЗ ТРАГА ВО ЧАИР На граѓаните им е доста од кариеристи, порачува Вреди

Бујар Османи бара поддршка од Чаир, не за Чаир, туку за тој да се врати на власт. Програми и планови најавува човек кој за две децении не остави никаква трага во Чаир, соопшти Вреди.

381

Дваесет години Бујар Османи гради политичка кариера, не изгради ниту еден проект за Чаир, а денес глуми дека го интересира Чаир, соопшти Вреди.

„Дваесет години Бујар Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него. Денес гледаме глума и празни зборови. Програми и планови најавува човек кој за две децении не остави никаква трага во Чаир. Празна книга“, соопшти Вреди.






Бујар Османи не е кандидат на Чаир, тој е кандидат за својата кариера, додава Вреди.

„Бара поддршка од Чаир, не за Чаир, туку за тој да се врати на власт. Ако сака да научи што е Чаир, нека прошета низ неговите улици и нека ја види вистинската состојба. Граѓаните на Чаир не сакаат повеќе празни политичари, кариеристи, туку сакаат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати“, се вели во соопштението.

Не само што не донесе никакви проекти за Чаир, туку Османи не можеше ниту да го потисне своето его, се додава.

„Тој ги исклучува и малкуте млади луѓе што останаа во ДУИ, користејќи ги како јарбол на партиските знамиња, а не како потенцијал за промени. Денес, таа младина се оддалечи од него и силно се придружува со Изет Меџити и со Вреди, бидејќи таму наоѓаат визија, перспектива и почит. На Чаир му треба работа и развој, а не политичар кој 20 години ја гледал оваа општина само како отскочна штица за својата лична кариера“, соопшти Вреди.

Поврзани содржини