СМРТНИТЕ СЛУЧАИ НЕ СЕ ОД ГЛАД, ТУКУ ОД БОЛЕСТ Израелски извештај шокира и ја руши нарацијата за Газа

Службата „Когат“ ги негира тврдењата за масовен глад во Газа, Хамас зборува за прикривање на злосторство.

690

Израелска служба под надлежност на Министерството за одбрана објави нов извештај во кој тврди дека „нема знаци за широко распространет глад“ во Појасот Газа, и покрај повеќенеделните предупредувања на Обединетите нации за ризик од „масовна гладна смрт“.

Станува збор за службата „Когат“, одговорна за цивилната администрација на палестинските територии, која наведува дека по детална анализа на податоците на Хамас за жртвите од неухранетост, е утврдена „значителна разлика“ меѓу официјалните бројки и документите со целосна идентификација што се достапни во медиумите и на социјалните мрежи.






Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, тврди дека досега од глад починале 227 лица, меѓу кои 103 деца. „Когат“ пак, оценува дека поголемиот дел од овие случаи се однесуваат на лица со претходни здравствени проблеми, а не директно предизвикани од неухранетост.

Властите на Хамас денеска остро ги отфрлија овие наводи, нарекувајќи ги „очаен обид за прикривање на документирано меѓународно злосторство – систематскиот глад на населението“.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, Израел воведе блокада на Газа. Во март таа се претвори во целосна хуманитарна забрана за увоз, која беше делумно олеснета во мај, но повторно заострена кон крајот на јули.

Поврзани содржини