📷 ПОРАНЕШНИОТ НА МЕГАН ФОКС ШОКИРАШЕ СО СВОЈАТА ИСХРАНА „Не јадам, само пијам многу вода“

Американскиот музичар Машин Ган Кели ги загрижи обожавателите откако рече дека речиси никогаш не јаде.

259

Американскиот музичар Машин Ган Кели ги загрижи обожавателите откако рече дека речиси никогаш не јаде.

Во интервју објавено на социјалните мрежи, 35-годишниот музичар рече дека „всушност не јаде“.






„Навистина не јадам. Само пијам многу вода“, рече Машин Ган Кели.

Меѓутоа, кога шокираните новинари го прашаа дали тоа значи дека пости, тој негираше и објасни колку всушност јаде.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)


„Го изедов тој бургер затоа што снимавме, и тоа е моја грижа, знаете, но доколку не снимавме, веројатно би пиел само вода“, рече тој.

Присутните не можеа да поверуваат, па продолжија да го прашуваат како е тоа можно и дали се чувствува слаб или има вртоглавици, а музичарот одговори дека само понекогаш се чувствува лошо.

„Да, понекогаш. Јадам само неколкупати неделно“, одговори тој.

Неговата исхрана главно се потпира на пиење коскена супа со кимчи и кисела зелка. Кимчи е традиционално корејско јадење кое се состои од ферментиран зеленчук, најчесто кинеска зелка и корејска ‘рдоква.

За време на ферментацијата, микроорганизми како што се бактерии или квасец ги разградуваат шеќерите и скробот во отсуство на кислород за да произведат разни нуспроизводи како што се киселини, гасови и алкохол.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)


И кимчито и киселата зелка содржат пробиотици, живи микроорганизми како што се бактерии или квасец кои обезбедуваат здравствени придобивки. Сепак, тие имаат ниски калории и макронутриенти кои се неопходни за функцијата на органите.

Машин Ган Кели додаде дека често готви кимчи и кисела зелка во супа, која се добива со варење животински коски, сврзно ткиво, а понекогаш и месо.

Тој исто така додаде дека понекогаш пие сок од целер или кокосова вода, и дека кафето и цигарите се неопходни во неговото „мени“.

Неговата изјава брзо привлече внимание, а многу обожаватели веруваат дека музичарот се бори со нарушување во исхраната.

Поврзани содржини