ПАРАГЛАЈДЕРИСТ ВИСИ НА ДРВО ВИСОКО 30 МЕТРИ КАЈ КРУШЕВО Спасувачката акција е во тек
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека доцна попладнево од полициската станица Крушево биле информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри,.
Несреќата се случила во близина на Крушево, а од ударот параглајдеристот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
– Бидејќи локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување кој во моментов се движи кон местото на несреќата – информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.