ПЕРЕЊЕ ПАРИ, КОРУПЦИЈА, ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ ИМОТ Соопштено е обвинението против притворениот поранешeн албански претседател

319

Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), по завршување на истрагата, го соопшти обвинението против поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.

Неговите адвокати веднаш побараа затворскиот притвор да му се смени со поблага мерка.






Мета е обвинет од СПАК за „перење пари од кривични дела или криминални активности“, „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избрани функционери“ „ непријавување, прикривање и лажно пријавување на имот, приватни интереси на избрани лица и јавни службеници“, објави Ора њуз.

Неговите адвокати веднаш поднесоа до Првостепениот суд против корупција и организиран криминал (GJKKO) барање за замена на затворскиот притвор со поблага мерка. Во барањето поднесено од адвокатите, се тврди дека „СПАК, веќе ги завршило истрагите против Илир Мета, и следствено, продолжувањето на мерката притвор повеќе нема процедурална основа“.

Ова не е првпат Мета да бара поблаги мерки, но сите судски инстанции, вклучително и Врховниот суд, ги отфрлија барањата, по што неговата реакција на социјалните мрежи беше „Никакво разочарување од теленовелата – режимска правда“.

Мета (56) е во затвор од октомври минатата година а обвинувањата ги нарече политички и оти за нив нема кривични факти.

Тој беше претседател на Албанија од 2017 до 2022 година, функција на која дојде од претседател на Парламентот. Претходно беше и министер за економија и надворешни работи.

Поврзани содржини