ДУИ ОБЈАВИ УШТЕ НЕКОЛКУ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Фатмир Дехари ќе бара уште еден мандат

319

ДУИ по денешната седница на Централното претседателство објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници во општините во кои ќе учествува на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври.

Потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, соопшти дека ќе го кандидираат Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. Еркан Арифи, пак, ќе бара доверба од граѓаните на Липково, исто така, за уште еден мандат. Кандидат за градоначалник на Општина Чашка е Суат Шаќири, а за Општина Студеничани – Ејуп Абази.






Централното претседателство на ДУИ одлучило да ја поддржи и независната кандидатура на Енвер Пајазити за градоначалник на Општина Брвеница.

Адеми најави дека Централното претседателство на партијата допрва ќе одлучува кои ќе бидат кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Општина Боговиње, Општина Долнени, како и на Општина Пласница.

Претходно, ДУИ објави дека кандидат за градоначалник на Општина Чаир ќе им биде Бујар Османи, за Општина Тетово – Бајрам Реџепи, а во Општина Желино – Емир Сулејмани.

Поврзани содржини