ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА КОЦЕВСКИ ДА ДАДЕ ОСТАВКА Петрушевски оцени дека негласањето на СДСМ е одговор на прашањето зошто никој од таа партија не е во затвор

Петрушевски вели дека сѐ е јасно откако СДСМ вчера во Собранието не ја поддржа интерпелацијата за Коцевски.

1,121

ВМРО-ДПМНЕ го повика државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да поднесе оставка откако вчера му беше изгласана интерпелација во Собранието.

– Го повикуваме Коцевски да покаже грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието, и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да поднесе оставка. Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДС и од ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата – рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.






Тој вели дека сѐ е јасно откако СДСМ вчера во Собранието не ја поддржа интерпелацијата за Коцевски.

– СДС го штити Коцевски, а Коцевски за возврат го штити СДС и неговите кадри потонати до гуша во криминал за да не одговараат. Негласањето на СДС за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е одговор на прашањето, зошто никој од СДС не е во затвор, а има низа постапки. Сега е јасно и кој ја мати водата за Кочани – рече Петрушевски.

 

Поврзани содржини