„PEUGEOT“ СО ДВЕ НОВИ ВРВНИ ОПЦИИ ЗА КУПУВАЧИТЕ „Business“ за професионалците, „GT Exclusive“ за најпребирливите

Францускиот бренд воведува две нови нивоа на опременост за сите кои бараат совршен баланс меѓу технологија, удобност и елеганција.

804

„PEUGEOT“ оди чекор понатаму во задоволување на очекувањата на своите клиенти, воведувајќи две нови нивоа на опременост кои ветуваат врвно возачко искуство и безкомпромисен комфор. Новите верзии „Business“ и „GT Exclusive“ се приклучуваат на постојната гама што ја сочинуваат нивоата „Style“, „Allure“ и „GT“, и ја зголемуваат понудата со нови решенија за различни профили на корисници.

Business – Најдобриот избор за професионалци






Насочено кон возачите кои секојдневно патуваат и имаат потреба од комфор и функционалност, „Business“ нивото на опременост е достапно кај моделите „PEUGEOT 208“, „2008“ и „308“, каде што се надградува основниот пакет „Style“. Овие модели стандардно вклучуваат камера за возење наназад, електрично склопливи ретровизори и иновативниот систем „PEUGEOT i-Connect® Advanced“ со безжично поврзување („Apple CarPlay“/„Android Auto“), „TomTom“ навигација и гласовна команда „OK PEUGEOT“, овозможувајќи контрола без употреба на раце.

Кај моделите „408“, „3008“ и „5008“, кои се надградба на „Allure“ нивото, дополнително се вклучени „i-toggles“ на допир – интелигентни кратенки за управување со клима-уредот, повици и аудио, како и безжично полнење. Посебно внимание привлекуваат моделите „3008“ и „5008“, кои се горди на својот панорамски „i-Cockpit®“ со 21-инчен HD екран – совршено дигитално искуство.

Повеќето од овие модели, вклучувајќи и „plug-in hybrid“ верзиите на „308“, „408“, „3008“ и „5008“, доаѓаат со вграден полнач од 7,4 kW за поедноставено секојдневно полнење.

„GT Exclusive“ – Луксузот на „PEUGEOT“ без компромиси

За оние кои бараат врвна елеганција и врвен стил, „PEUGEOT“ ја претставува „GT Exclusive“ опремата, врв во понудата на брендот. Ова ниво е достапно за целата гама и сите видови погонски единици. Визуелно и функционално, „GT Exclusive“ внесува „Alcantara®“ материјали, електрично прилагодливи предни седишта со греење и масажа (кај моделите „308“, „408“, „3008“ и „5008“), и најмодерниот инфозабавен систем што го нуди „PEUGEOT“.

Дополнително, сите електрични „GT Exclusive“ модели се опремени со топлинска пумпа, што значи уште поголема ефикасност и удобност дури и во студени услови.

Со овие новитети, „PEUGEOT“ јасно покажува дека не само што ги следи трендовите, туку и ги диктира со решенија што ја нагласуваат технолошката софистицираност и возачкото уживање, без разлика дали станува збор за деловни корисници или оние кои сакаат највисоко ниво на префинетост.

Поврзани содржини