ГОЛЕМ ПОЖАР БЕСНЕЕ ПОМЕЃУ КАТЛАНОВО И ПЕТРОВЕЦ Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската
Се работи за непријатен пожар кој се наоѓа на непристапно место, но верувам дека утре пожарникарите ќе го стават под целосна контрола, изјави првиот човек на Дирекцијата за спасување Стојанче Ангелов.
Попладново пожар изби помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава посочи дека пожарот е пресечен и дека не претставува закана за бензинската пумпа која е во близина.
– Пожарот којшто изби помеѓу Катланово и Петровец во близина на безинската пумпа е делумно локализиран, односно е пресечен и не претставува опасност за блиската бензинска пумпа. Се движи кон село Чифлик, а на негово ставање под контрола работат скопските пожарникари. Рано наутро ќе се упати и ер-трактор, а ќе упатиме и неколку возила. Се работи за непријатен пожар кој се наоѓа на непристапно место, но верувам дека утре пожарникарите ќе го стават под целосна контрола. Видлив е од автопатот и предизвикува вознемиреност, но граѓаните да не се плашат бидејќи не може да ја зафати бензинската пумпа – изјави Ангелов.