📷 „GREEN MACHINES“ ПРИСТИГНАА ВО НЕСЕБАР Старото градско јадро ќе се чисти со машина од БРАКО

Градот под заштита на УНЕСКО го одбра електричниот чистач „GM400ze“ од „Green Machines“, иновација што не подига прашина, не создава бучава и не загадува.

814

Старото градско јадро на бугарскиот Несебар, светски познат туристички бисер под заштита на УНЕСКО, отсега ќе се чисти со целосно електрична машина произведена во Македонија. Моделот „GM400ze“, изработен од велешката компанија БРАКО, е новото еколошко оружје за урбаното одржување на историскиот град.

„GM400ze“ не само што не испушта никакви штетни гасови, туку благодарение на иновативниот „REX“ систем за рециклирање на воздухот, овозможува и чистење без подигање прашина, клучна карактеристика за зачувување на културно-историските градби и улици од калдрма.






Фото: Брако

– Горди сме што „GM400ze“ е избран за толку значајна локација како што е стариот Несебар. Ова е доказ дека македонското знаење и технологија можат да најдат примена дури и во најпрефинетите и чувствителни урбани средини – велат од компанијата „Green Machines“.

Операторите во Несебар веќе поминале детална техничка обука, спроведена од официјални претставници на „Green Machines“ во Бугарија. Тие се подготвени за користење на машината, која работи тивко, прецизно и ефикасно, особено на тесните улички и пешачките зони каде традиционалните машини би биле нефункционални.

Фото: Брако

Оваа набавка доаѓа по успешната испорака на поголемиот модел „GM636“ во бугарскиот град Поморие, што дополнително ја засилува позицијата на „Green Machines“ на бугарскиот пазар.

Поврзани содржини