📽️ СИНОТ НА БАЈДЕН ГО ОПЦУ КЛУНИ, ГО ОДБРАНИ ТАТКА СИ Хантер во ретко интервју зборуваше за дрогата и за аферите

Какво право имате да газите врз човек кој посветил 52 години од својот проклет живот на служење на оваа земја и да одлучите дека вие, Џорџ Клуни, ќе објавите оглас на цела страница во проклетиот „Њујорк Тајмс“?, вели синот на поранешниот американски претседател за фактот дека Клуни го повика неговиот татко да се откаже од претседателската трка минатата година.

1,586

Хантер Бајден, синот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, во интервју го опцу познатиот актер и оскаровец Џорџ Клуни коментирајќи изјава која Клуни ја даде за неговиот татко.

– Еби го. И сè во врска со него – изјави Хантер прашан да го коментира јавниот повик на актерот Клуни и други актери кои минатата година го повикаа Џо Бајден да се откаже од претседателската трка.






Три месеци пред ноемвриските избори, Клуни објави колумна во „Њујорк Тајмс“ велејќи дека тогаш 81-годишниот Џо Бајден треба да се пензионира бидејќи не е човекот „што беше пред 4 години“. Бројните повици од видни Демократи и загриженоста за здравјето на Бајден кој неколкупати имаше чудни епизоди на митинзите го принудија тој да се повлече.

„Го сметам (Бајден) за пријател и верувам во него… Тој доби многу од битките со кои се соочи во последните четири години. Но, единствената битка што не може да ја добие е битката против времето“, своевремено напиша Клуни во колумната.

Но, синот на Бајден, мисли поинаку. Во интевјуто со овинарот Ендру Калаган прегледано 3 милиони пати на Јутјуб тој вели:

– Зошто, по ѓаволите, морам да ве слушам (господине Клуни)? Какво право имате да газите врз човек кој посветил 52 години од својот проклет живот на служење на оваа земја и да одлучите дека вие, Џорџ Клуни, ќе објавите оглас на цела страница во проклетиот „Њујорк Тајмс“? – рече тој во интервју што го даде за Калаган.

Хантер зборуваше и за својата историја со зависноста од дрога и за фактот дека беше помилуван за осудите за 3 федерални прекршоци за поседување оружје додека бил наркоман. Тој во 2024 година пред судот се изјасни за виновен за обвинението за даночни прекршоци.

Хантер доби помилување од неговиот татко во декември 2024 година, кога Бајден беше претседател во заминување, еден месец откако Доналд Трамп победи на изборите против соперничката Камала Харис.

Како млад човек, Хантер преживеал сериозна сообраќајна несреќа во која загинале неговата мајка и сестра, а тој и неговиот брат Бо биле сериозно повредени.

Роден е во 1970 година во Вилмингтон, Делавер. По дипломирањето адвокатура работел во банкарската компанија MBNA America, а потоа во владата на САД под претседателот Бил Клинтон.

Хантер станал лобист и влегол во бројни инвестициски и деловни проекти, вклучително и членство во одборите на железничката компанија „Амтрак“ и украинската енергетска компанија „Буризма холдингс“.

Токму бизнисот со „Буризма“ предизвикал бројни сомневања и политички скандали, но никогаш не биле пронајдени докази за кривични дела поврзани со Џо Бајден.

 

Поврзани содржини