ВЛАДАТА ОБЕЗБЕДИ 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КРИВА ПАЛАНКА ВО ЕДНА ГОДИНА Локалната власт вложила помалку за цели 3 години, посочи Мицевски

Членот на Изборниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, порача дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски покажуваат со дела дека се грижат за сите граѓани, а за Крива Паланка посочи дека се потребни ново раководство и свежа енергија.

829

Членот на Изборниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка порача дека општината добила значајна финансиска поддршка од централната власт, предводена од неговата партија, и дека е време за промени во локалното раководство.

– Безидејноста на градоначалникот и на локалната самоуправа доведе до тоа во изминатите 3 години да се реализираат капитални инвестиции од само 3 милиони евра. За споредба, само во последната година, од Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, се обезбедени 3,3 милиони евра – 800.000 евра од првиот повик за општините и уште 2,5 милиони евра од вториот повик – изјави Мицевски.






Тој нагласи дека партијата покажува со дела дека не се сите политички субјекти исти, и дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, се грижи подеднакво за сите граѓани и за сите општини.

– На Крива Паланка ѝ се потребни промени, ново раководство и нова енергија што ќе ја донесеме ние, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – додаде Мицевски, кој денеска разговараше со граѓаните на улиците во градот.

Поврзани содржини