🎥📷 УСПЕШНО ИЗВЛЕЧЕН ПОВРЕДЕНИОТ ПЛАНИНАР НА ПЕЛИСТЕР Во спасувачкиот тим биле „Тигрите“ и членови на воздухопловната служба
Упатувам искрена благодарност за нивната пожртвуваност, професионализам и човечност. Со оваа акција нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна, особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови, напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на својата објава на социјалните мрежи.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека денеска е успешно завршена комплексна спасувачка акција во близина на Пелистер, при што е извлечен планинарот кој се здобил со скршеница на нога.
Како што наведе Тошковски, интервенцијата била спроведена на исклучително тежок и непристапен терен, а во неа учествувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
„Упатувам искрена благодарност за нивната пожртвуваност, професионализам и човечност. Со оваа акција нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна, особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови“, напиша министерот Тошковски.