🎥 ЗАМРЗНИ ГО СВОЕТО ЧЛЕНСТВО ВО ВМРО-ДПМНЕ И ЌЕ ДОБИЕШ ДИРЕКТОРСКО МЕСТО ВО СКОПЈЕ ЗОО Кирков раскажа за безобразна понуда од градоначалник близок до Арсовска

Советникот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, раскажа дека добил „безобразна понуда“ од еден скопски градоначалник, кого го опиша како близок до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Според неговите зборови, му било понудено директорско место во Зоолошката градина со менаџерски договор и со плата од над 70.000 денари, но под услов да одржи 3 прес-конференции.

2,786

Во најновата епизода на поткастот „Проверитас“, гостин беше Стефан Кирков – активист, љубител на животните и советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу другото, Кирков откри дека добил непристојна понуда за именување на директорска функција во Зоолошката градина, под услов да се дистанцира од својата партија.

Како што раскажа во поткастот, понудата дошла од еден скопски градоначалник, кој, според неговите зборови, е „многу близок до градоначалничката“ Данела Арсовска.






– Јас имав безобразна понуда да бидам директор на Зоолошка градина. Од еден скопски градоначалник кој е близок на градоначалничката. Ми вели: „Градоначалничката Данела Арсовска е спремна, вели ‘да’, од први ти да станеш директор со менаџерски договор во Зоолошка градина, одма менаџерски“. На плата, вели од над 70.000 денари. Велам: „Добро. Која е цената?“ – раскажува Кирков.

Кирков тврди дека неименуваниот градоначалник му рекол:

– Да, има нешто што треба да го направиш. А тоа е да направиш 3 последователни прес-конференции. Првата прес-конференција, да се откажеш од својот матичен Општински комитет од ВМРО-ДПМНЕ Карпош, со една прес-конференција.

Советникот породолжи да ја раскажува ситуацијата:

– Вели, „ние ќе ти смислиме пи-ар текстче“. Велам: „Добро, втората?“ Тој вели: „Втората е да, ти си член на градски комитет, вие направивте таму резултати, не те почитуваат ни таму. Ти ќе одиш, ќе направиш една прес-конференција пред градскиот комитет и ќе се откажеш од ова, ќе ти смислиме убав пи-ар текст“. И третата, вели, ќе го замрзнеш твоето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе побараш конгрес од претседателот Христијан Мицкоски, затоа што не ја води партијата како што треба“. Ова е еден скопски градоначалник, многу близок до градоначалничката. На тоа, само се насмеав, станав, и си заминав – раскажа Кирков.

Кирков не го именуваше градоначалникот, ниту, пак, понуди дополнителни детали, но неговото сведоштво фрла ново светло врз односите меѓу советниците, партиите и Град Скопје.

Поврзани содржини