СТРУМИЧАНЕЦ ПИЈАН ВОЗЕЛ МОТОЦИКЛ Се судрил со две возила и завршил во болница
Во несреќата која се случила на влез во село Негорци, гевгелиско, покрај Е.С учествувало и товарно возило „ман" со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(60) од село Василево и патничко возило „туран" со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(46) од Гевгелија.
Струмичанец се испијанил, па седнал да вози моторцикл и се нашол среде сообраќајна несреќа во која е тешко повреден.
Според информациите од гевгелиската полиција станува збор за Е.С. (35) од село Дорломбос кој при алко тест имал 1,81 промил алкохол во крвта, а повредите му се констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.
Во несреќата која се случила вчера на влез во село Негорци, гевгелиско, покрај Е.С учествувало и товарно возило „ман” со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(60) од село Василево и патничко возило „туран” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(46) од Гевгелија.